Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2018

Вардар со Монпелје во полуфиналето од Лигата на шампионите

Денеска на ждрепката за фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите Вардар за противник го доби тимот на Монпелје.

Вардар против три француски екипи ќе брани шампионската титула во Лигата на шампионите, пречката до финалето ќе биде тимот на Монпелје.
Францускиот лигаш заврши на првото место во групата Д, а до завршниот турнир стигна со триумфот над Фленсбург.
Европскиот шампион го избегна ПСЖ кој ќе игра против Нант и Кире Лазаров во полуфиналето.
 
Полуфинале Лига на шампиони:
 
Нант - ПСЖ
Вардар - Монпелје
 
Натпреварите се играат на 26. и 27. мај, а Вардар ќе игра во првиот термин од 18 часот.

Најнови вести