Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2018

Тешка група за Вардар во Лигата на шампионите

Вардар ќе игра во група А во новата сезона во групната фаза на Лигата на шампионите , заедно со Кјелце, Барселона, Мешков, Веспрем, Монпелје, Кристијанштад и Рајн Некар.

Македонскиот шампион во ждрепката беше во првиот барабан заедно со ПСЖ поради високиот рејтинг што го има последниве сезони во европските купови.
Три екипи се заедно со Вардар како и во минатата сезона: Барселона, Рајн Некар и Кристијанштад, а со Монпелје вардарци играа во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн.
Ова е група на поранешни и актуелни европски прваци. Монпелје триумфираше во Келн во јуни, а со европска титула во групата може да се пофалат и Вардар, Кјелце и Барселона.
Вардарци ќе бидат ослабени во следната сезона и со нов тренер, па овој пат целта веројатно ќе биде да се помине групата, односно да се освои едно од првите шест места.
Останува истиот систем на натпреварување:  Вардар е во групата А и првите шест од групата продолжуваат во следната фаза. Првопласираниот ќе го скокне осминафиналето, и директно ќе игра меѓу осумте најдобри. Другите ќе вкрстат со група Б и со еден тим што ќе дојде од послабите групи Ц и Д, каде ќе се играат квалификации.
Со сите ривали против Вардар кои ќе игра во групната фаза од лигата на шампионите и претходно имал меѓусебни дуели. Петта сезона по ред за ривал во групната фаза го има Рајн Некар, а четврта сезона по ред Кристијанстад од Шведска.
Против Мешков Вардар ќе игра и во СЕХА Газпром лигата, а можно е и со Веспрем доколку унгарскиот тим го потврди враќањето.
Вториот македонски претставник во Лигата на шампионите, Металург, се најде во групата Ц.

Лига на шампиони - сезона 2018/19:
Група А: Вардар, Кјелце, Барселона, Мешков Брест, Веспрем, Монпелје, Кристијанштад, Рајн Некар
Група Б: ПСЖ, Пик Сегед, Фленсбург, Скјерн, Загреб, Мотор, Целје, Нант
Група Ц: Металург, Силкеборг, Спортинг, Бешикташ, Чеховски медведи, Татран Прешов
Група Д: Висла, Адемар Леон, Елверум, Вакер Тун, Динамо Букурешт, Кокс

Најнови вести