Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Нов руски ракометар во редовите на европскиот вицепрвак Вардар

Вардарци ги засилува руски „џин“ од 205 сантиметри

Вардар официјално го доведе Глеб Калараш, рускиот репрезентативец кој потпиша едногодишен договор со ланскиот европски првак. Дваесет и седумгодишниот ракометат игра на позицијата пивот, а воедно е одличен и во одбраната благодарение на неговата висина.

Калараш пристигнува од редовите на германскиот клуб Магдебург, од каде што замина како слободен играч ова лето откако не ги оправда очекувањата. За руската репрезентација настапи на едно Европско (2016 година во Полска) и едно Светско првенство (2017 година во Франција).

Клупската кариера главно ја градеше во Русија, настапувајќи за вториот тим на Чеховски Медведи, како и за тимот Нева од Санкт Петербург.

Најнови вести