Корисничко име Лозинка Пријави се
30.9.2013

Вилшер под знак прашалник против Наполи

Џек Вилшер, играчот за врска на Арсенал, би можело да ја пропушти утрешната средба од фудбалската Лига на шампиони против Наполи поради повреда на глуждот.

Вилшер во саботниот премиерлигашки натпревар против Свонси (победа од 2-1) доби незгоден удар во глуждот, иако се верува дека станува збор за мала незгода која нема врска со неговата претходна повреда која му ја загрози кариерата.
Арсен Венгер, менаџерот на „топчиите“, поради тоа може да го остави Вилшер на клупата за резервни играчи, додека во стартната постава се очекува дека може да се врати Томаш Росицки, кој закрепна од повредата на бутниот мускул.
Санти Касорла, шпанскиот играч за врска на Арсенал, треба да се врати на тренинзите оваа седмица по закрепнувањето од повредата на глуждот, но натпреварот против Наполи за него доаѓа прерано. Венгер би можело да го користи евентуално против Вест Бромич следниот викенд.

Најнови вести