Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Емери за 15 минути избркал играч кој 17 години беше во Арсенал

Разговор од четвртина час бил доволен за Вилшер да сфати дека за него нема место во тимот

Џек Вилшер, кој летово стана член на Вест хем откако се раздели со Арсенал, одлуката за заминување ја донел само по 15-минутен разговор со новиот тренер Унаи Емери. Вилшер цели 17 сезони го носеше дресот на „топчиите“, па затоа и зачудува леснотијата со која тој се разделил со клубот од Лондон и прејде во редовите на „чеканите“. 

Емери и Вилшер имале разговор кој траел 15 минути и на фудбалерот му станало јасно дека нема да има загарантирано место во почетните 11 и дека најдобра опција му е да си замине од Арсенал, па среќата си ја побара во Вест хем. 

„На тренинг-кампот имав разговор со Џек и по 15 минути, одлучи да си оди. Нашата конверзација беше јасна. Тој сакаше да се чувствува важен во новиот проект, но јас му кажав дека конкуренцијата е голема и нема да може да игра на секој меч“, објасни Емери. 

Шпанецот знае дека Вилшер бил сакан и максимално почитуван од навивачите и побара утре да биде убаво примен од публиката. Му посака да игра добро во Вест хем на секој натпревар, освен против Арсенал. 

 

Најнови вести