Корисничко име Лозинка Пријави се
14.7.2011

Уапсен и тренерот на Бешикташ

Аферата со наместени фудбалски натпревари во Турција доби нова епизода. Вчера вечерта беше уапсен и тренерот на Бешикташ Тајфур Хавутчу.

Постои сомневање дека Бешикташ се обидел да го намести крајниот резултат од финалето на Купот на Турција минатата сезона. Екипата на Хавутчу во тој натпревар по изведувањето на пенали го победи Бујукшехир со 4-3.

Освен Хавутчу, уапсени се и двајца фудбалери на Бујукшехир, Ибрахим Акин и Искендер Алин, како и Ахмет Атеш, член на обезбедувањето во Бешикташ.

Бројот на уапсените од избувнувањето на скандалот до сега се искачи на 31, а меѓу притворените се и претседателите на Фенербахче и Трабзонспор, Азис Јилдирим и Садри Сене.

Најнови вести