Корисничко име Лозинка Пријави се
31.3.2011

Гатузо се договори со Анжи?

Руските медиуми вчера пренесоа дека триесет и тригодишниот играч на Милан Џенаро Гатузо од ова лето ќе стане фудбалер на рускиот Анжи од Дагестан.

Екипата од Махачкала, која во зимскиот преоден рок ги ангажираше Роберто Карлос и Мбарк Буфуса, наводно, ги договорила своите услови за соработка со агентот на Гатузо.

Веќе некое време се говореше дека искусниот фудбалер од средината на теренот ќе се пресели во Русија, но не во Анжи туку во Зенит.

Меѓутоа, руските медиуми велат дека агентот на Италијанецот свесно ги пуштал тие шпекулации за да може од Анжи да добие многу подобри услови за својот клиент. Ќе видиме дали оваа стратегија ќе донесе плод.

Најнови вести