Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2013

Баста се повреди на тренинг

Душан Баста, фудбалерот на Удинезе, го повреди зглобот на тренинг и прашање е дали ќе биде на списокот селекторот на Србија, Синиша Михајловиќ, за натпреварите со Хрватска и Шкотска во квалификациите за Светското првенство.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, на Баста вечерва ќе му бидат извршени детални лекарски прегледи, по кои ќе се знае тежината на повредата.
Во досегашниот тек на сезоната Баста за Удинезе одигра 25 натпревари и постигна два гола.
Баста за српската репрезентација дебитираше во 2005 година, а досега настапи на шест натпревари и притоа постигна еден погодок.
Натпреварот меѓу Хрватска и Србија ќе се одигра на 22-ри март на „Максимир“ во Загреб, а четири дена подоцна „орлите“во Нови Сад ќе ја дочекаат Шкотска.

Најнови вести