Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2013

Валенсија без Рами во реваншот кај ПСЖ

Шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија ќе биде ослабена во реванш-средбата од осминафиналето на Лигата на шампионите во Париз против ПСЖ.

Адил Рами, стрелецот на единствениот погодок за „лилјаците“ на „Месталја“ во поразот на Валенсија од 1-2, го повреди бутниот мускул во средбата од 24-тото коло на шпанското првенство, во победата од 2-0 над Мајорка минатиот викенд.
Со оглед на тоа дека ќе бидат потребни три седмици за Рами да закрепне од повредата, Валенсија во реваншот, кој на распоредот е на шести март, нема да може да смета на својот стандарден стопер.

Најнови вести