Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2013

Карабатиќ суспендиран поради обложување

Никола Карабатиќ, неговиот брат Лука и Младен Бојиновиќ се во групата од седум ракометари суспендиранi на шест натпревари поради нелегално обложување.

Француската ракометна лига објави дека браќата Карабатиќ, Бојиновиќ, Самуел Онрубија, Драган Гајиќ, Примож Прост и Исам Теж се прогласени за виновни за директно и индиректно обложување на резултат на натпревар.
Споменатите ракометари, во тоа време сите членови на Монпелје, беа под формална истрага од октомври минатата година под обвинение за измама и местење натпревар. Тие негираа каква било злоупотреба.
Според зборовите на обвинителот, вкупно 87.800 евра се уплатени за обложување на прволигашкиот натпревар меѓу Монпелје и Сесон-Севињ во мај минатата година. Поголемиот дел од облогот бил уплатен во истиот период од денот, а 99,94 отсто типувале дека Сесон-Севињ ќе води на полувремето.
Доколку бидат прогласени виновни за лажирање на натпреварот, ракометарите ризикуваат затворска казна до пет години, како и парична од 75.000 евра.

Најнови вести