Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2018

Вардарци не успеаа, Кире и Нант против Монпелје во финалето

Вардар загуби од Монпелје со 28:27 во драматична завршница на полуфиналето и не успеа да го одбрани трофејот од Лигата на шампионите.

Европскиот шампион во последниот напад имаше шанса да се избори за реми и продолженија, но Борозан ја погоди рамката од голот за голема радост на француските ракометари.
Вардарци одиграа слабо во првиот дел со грешки во нападот и во одбраната и постојано има резултатско заостанување зад расположените Французи. По првичната израмнета борба, Монпелје го засили притисокот што резултираше со предност од три гола на полувремето, 11-14.
Во продолжението Вардарци ја намалија предноста, но Французите повторно стигнаа до плус два гола кои ги одржуваа до до самиот финиш.
Хендикеп беше повредата на Арпад Штербик кој на голот беше заменето од Немања Милиќ.
На две минути до крајот Монпелје имаше водство од 27-26, Стоилов го израмни резултатот, но во следниот напад на 20 секунди до крајот Симоне погоди за 28-27. Во последните секунди Борозан имаше шанса да го израмни резултатот и да го одведе натпреварот во продолженија, но не погоди.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Борозан и ЦИндриќ со по шест голови, еден помалку постигна Чупиќ, а кај победничкиот тим први стрелци беа Порте и Гигу со осум, односно седум голови.
Во утрешното финале ќе гледаме француска пресметка. 
Нант предводен од Кире Лазаров кој постигна осум голови го елиминираше фаворитот ПСЖ со 32-28. Македонскиот репрезентативец утре ќе го игра своето петто европско финале.

Најнови вести