Корисничко име Лозинка Пријави се
01.7.2011

НБА лигата во мирување

Неизвесен е стартот на американската професионална кошаркарска лига за следната сезона откако на сила стапи „локаутот“ во НБА затоа што сопствениците на клубовите и професионалните кошаркари не остварија нов колективен договор.

Истекувањето на стариот колективен договор и неможноста да се постигне нов е причина поради која настапи „локаут“ на НБА лигата по што е неизвесен стартот на новата сезона. Здружението на сопствениците на НБА клубовите и синдикатот на играчите не најдоа заеднички јазик за нов договор – спорни се платите на кошаркарите и горната граница на буџетот за секој клуб, таканаречениот „селари кап“.

Газдите на клубовите не сакаа да попуштат пред барањето 57% од вкупниот промет да го трошат на платите на играчите. Организацијата на НБА  преку комесарот Дејвид Штерн предложи намалување на вкупниот буџет за плати на  750 милиони долари, со што ќе се намалеа загубите на клубовите кои во последните шест години беа во „црвено“ скоро милијарда долари. Годинава 22 од 30 клубови пријавија дека работат со загуба.

Синдикатот на кошаркарите прифати буџетот за плати да биде 54% што би значело 500 милиони долари помалку за плати за следните пет години, но тоа не било прифатливо за сопствениците.

Најнови вести