Корисничко име Лозинка Пријави се
18.1.2013

Жалбата на Наполи усвоена, вратени му се двата бода

Италијанската фудбалска федерација ја усвои жалбата на калчолигашот Наполи за одземањето на два бода заради наводна вмешаност во аферата со местење натпревари „Скомесополи“, а ослободени од вината се и фудбалерите Паоло Канаваро и Џанлука Грава.

Наполи беше казнет на 18 декември со одземање два бода и 70.000 евра заради вмешаноста во скандалот, а Канаваро и Грава беа суспендирани на шест месеци затоа што не ги известиле надлежните тела за обид за местење на натпревар. Поранешниот голман на Наполи, Матеа Џанело, тогаш беше казнет со забрана на настап три години и три месеци.
Спорен бил натпреварот од Серија А меѓу Сампдорија и Наполи одигран на 16 мај 2010 година на кој домашниот тим победил со 1-0. Џанело тогаш ги прашал двајцата фудбалери да учествуваат во местење на натпреварот, но тие го одбиле.
Со последната одлука на Наполи му се вратени бодовите, па сега клубот се врати на второто место во Серија А, со три бода помалку од лидерот Јувентус. Паричната казна е намалена на 50.000 евра, Канаваро и Грава се ослободени од обвиненијата, а суспензијата на Џанело е намалена на 21 месец.

Најнови вести