Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2013

Мартин Петров потпиша за Еспањол

Мартин Петров, 34-годишниот бугарски играч за врска и досегашен член на Болоња, потпиша договор со шпанскиот прволигаш Еспањол.

Во каталонскиот клуб ќе остане до крајот на сезоната, а ако и двете страни бидат задоволни, налето ќе потпише нов едногодишен договор. Петров е прво засилување на Еспањол оваа зима, а дојде на инсистирање на тренерот Хавиер Агире, кој своевремено го водеше во Атлетико Мадрид.
Петров кариерата ја почна во ЦСКА од Софија, а играше и за: Сервет, Волфсбург, Атлетико Мадрид, Манчестер сити и Болтон. За бугарската репрезентација имаше 90 настапи и постигна 19 погодоци.

Најнови вести