Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2012

Хасави потпиша за Андерлехт

Белгискиот гигант Андерлехт соопшти дека потпишал договор со репрезентативецот на Саудиска Арабија, одбранбениот фудбалер Осама Хасави.

Дваесет и осумгодишниот централен дефанзивен играч, кој има осумдесет настапи за својата земја, доаѓа во Андерлехт од редовите на Ал-Хилал, а потпиша двегодишен договор и дресот на новиот тим ќе го облече на стартот од новата сезона.
„Горд сум на можноста да заиграм за толку голем и традиционален клуб каков што е Андерлехт“, изјави Хасави за белгиските медиуми.
Тој ја носеше капитенската лента за својата земја на квалификацискиот натпревар против Австралија за Светското првенство во Бразил.
Дваесет и осумгодишниот фудбалер двапати беше наградуван со титулата најдобар играч во Саудиска Арабија, а трипати го понесе приматот најдобар дефанзивен играч во лигата.

Најнови вести