Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2012

Спортинг Хихон остана без тренер

Спортинг Хихон остана без тренер откако откако вчера наутро управата на клубот одлучи да му врачи отказ на Маноло Пресијадо.

„Се одлучивме за тактички промени. Не е пријатно да се биде во оваа ситуација, но донесовме одлука по повеќечасовен разговор. Му се заблагодаруваме на Маноло за сè што направи за Спортинг“, рече претседателот на клубот Вега Арано.
Шпанскиот тренер беше видно разочаран на својата последна конференција за новинарите како тренер на Спортинг.
„Ако направив нешто лошо, жал ми е. Засекогаш ќе останам покрај Спортинг“, рече Пресијадо.
19-тото место на табелата на шпанското првенство и само една победа покрај петте порази во последните шест натпревари беа причините за ваквата одлука на управата на клубот.
Додека се најде долготрајно решение, екипата ќе ја преземе помошниот тренер Инаки Техада. Поранешниот тренер на Хетафе, Мичел се споменува како прв кандидат за клупата на Спортинг.
Сега веќе поранешниот тренер Пресијадо на клупата на клубот беше од 2006 година, а во сезоната 2007/08 од втората го врати во првата лига.

Најнови вести