Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2017

Две одлични вести за Барселона пред клучниот период

Барселона сега е речиси комплетна. Хавиер Маскерано и Арда Туран добија зелено светло за враќање на теренот по паузата од дваесетина дена.

Тие двајца се наоѓаат на списокот на играчи за наредниот дуел со Спортинг Хихон во вонредното коло, што значи дека сега надвор од редовите е единствено Жереми Матје.
Маскерано посебно недостасуваше во дефанзивните задачи, така што неговото враќање ќе биде од голема важност пред неколкуте важни натпревари, бидејќи Барселона по средбата со Спортинг, во сабота ја дочекува Селта, а потоа и ПСЖ во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Барселона е втора на табелата со еден натпревар и еден бод помалку од Реал Мадрид, а средбата со Спортинг на програмата е вечерва, од 19.30 часот.

 

Најнови вести