Корисничко име Лозинка Пријави се
19.1.2016

Бејл ќе паузира најмалку три седмици

Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл повторно го повреди листот на ногата и ќе паузира најмалку три седмици.

Репрезентативецот на Велс се повреди на натпреварот во минатото коло во Примера против Спортинг Хихон (5-1).
Бејл постигна два гола, но беше заменет на полувремето на дуелот на „Сантијаго Бернабеу“. По деталните лекарски прегледи беше констатирано дека мора да одмара најмалку 20 дена.
Тоа значи дека новиот тренер на Реал, Зинедин Зидан,нема да може да смета на играчот кој во последно време е во одлична форма, на натпреварите со Бетис, Еспањол и Гранада.
Велшкиот фудбалер оваа сезона постигна 13 голови и 8 асистенции на 15 натпревари во првенството на Шпанија.

Најнови вести