Корисничко име Лозинка Пријави се
18.2.2016

Голем јубилеј на Меси, Барселона им побегна на Мадриѓаните

Фудбалерите на Барселона го совладаа Спортинг Хихон во заостанатиот натпревар во Примера со 3-1 и дополнително се оддалечија од најблиските конкуренти.

Каталонците сега се наоѓаат на чело на табелата со 60 бодови, шест повеќе од Атлетико и седум повеќе од Реал Мадрид.
Дуелот во Хихон беше во знакот на Лионел Меси кој во 25-тата минута со прецизен удар постигна погодок за 1-0 и воедно го постигна и својот јубилеен 300 гол во најсилниот ранг на шпанскиот фудбал.
Асистент на Аргентинецот му беше Луис Суарес, но домаќинот само две минути подоцна изедначи.
Спортинг изведе школска контра, а одличната акција на другата статива ја заврши Кастро. Но ниту пак тој резултат не остана долго на семафорот, бидејќи Барселона повторно поведе во 31-та минута.
Суарес одлично се загради и ја врати топката до Меси кој од натрчување го погоди долниот дел на мрежата за 2-1.
Во продолжението на натпреварот беше многу полесно, иако голманот на Спортинг во 62-та минута одбрани пенал од Луис Суарес.
Уругваецот за промашувањето се искупи пет минути подоцна. Се избори во свој стил за позиција во шеснаесетникот и со извонреден удар со левата нога погоди за 3-1.
До крајот на натпреварот Барселона во лесен ритам ја задржа предноста и оствари рутинска победа.

Тристотиот гол на Меси во Примера дивизија:

Најнови вести