Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2017

Геце не патува во Лисабон

Пред првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу Бенфика и Борусија, во Лисабон тимот од Дортмунд ќе игра без еден од најискусните играчи Марио Геце.

Официјално Геце закрепнува од повредата, поради што не играше против Херта во Купот на Германија и во Бундеслигата. Но, новинарите се сомневаат поради тоа што тој тренингот со резервниот тим го одработи без никакви проблеми, па има сомнение дека Томас Тухел не смета на човекот кој со голот пред две и по години на Германија ѝ ја донесе светската шампионска титула.
„Сè уште е рано за него, мораме постепено да го воведуваме во ритам“, изјави Михаел Цорк, спортскиот директор на „милионерите“.
Средбата меѓу Бенфика и Борусија Дортмунд на програмата е утре, од 20.45 часот.

Најнови вести