Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2018

Шок за шампионот: Озил ќе го пропушти Мундијалот?!

Германскиот „Билд“ ја пренесе веста дека Месут Озил, играчот за врска на Арсенал и на репрезентацијата на Германија, го повредил коленото и дека има опасност да го пропушти учеството на Светското првенство во Русија.

Озил нема тренирано веќе четири дена, а официјалното соопштение од кампот на актуелниот светски шампион е дека во прашање е грбот. Но, „Билд“ наводно дошол до информација дека во прашање е коленото, поради кое еден од надежите на „Елфот“ би можело да ја пропушти кампањата за одбрана на титулата.
Ѕвездата на Арсенал во репрезентацијата на Германија е од 2009 година, досега одигра 90 натпревари и постигна 23 гола, а беше и еден од најважните во освојувањето на светската шампионска титула пред четири години. Германија игра во групата Ф со селекциите на Мексико, Шведска и Јужна Кореја.

 

Најнови вести