Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2018

Судир меѓу Ридигер и Кимих на тренинг, Дракслер „доби“ лакот

Германските фудбалски репрезентативци Џошуа Кимих и Антонио Ридигер се судрија на тренингот во текот на подготовките за Светското првенство.

Германија за Мундијалот се подготвува во Италија, а повод за судирот меѓу двајцата репрезентативци бил еден остар старт.
Германскиот „Билд“ пишува дека тие двајца се сретнале лице в лице по остриот дуел, а да не дојде до поголем судир спречил помошникот на селекторот и поранешен истакнат репрезентативец, Мирослав Клозе.
На истиот тренинг со лакот во лице бил погоден Јулијан Дракслер, но продолжи со екипата по лекарската помош.
Јоахим Лев, селекторот на светскиот шампион, во Италија поведе 27 фудбалери, па четворица ќе мора да отпаднат до конечниот список за Русија.
Германија на Мундијалот ќе игра во групата Ф со Мексико, Шведска и Јужна Кореја, а „панцирите“ ќе го бранат трофејот светски шампион освоен во Бразил пред четири години.

Најнови вести