Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Дракслер на пат за Севилја

Андалузијците бараат тој да биде позајмен од ПСЖ

Германскиот фудбалер Јулијан Дракслер до крајот на преодниот рок би можел да го напушти Пари Сен Жермен и да се пресели во Севилја. Сепак, според локалното радио во Севилја, Дракслер во Севилја не би направил целосен трансфер, туку би играл како позајмен.
Иако ПСЖ има германски тренер, Томас Тухел, тој нема преголема доверба во сонародникот, конкуренцијата на крилните позиции во тимот од Париз е жестока, а Дракслер сака да игра. 
Доколку навистина прејде во Севилја, 24-годишниот Дракслер би имал загарантирано место во почетните 11 и редовно би настапувал во шпанската лига. Севилја имаше проблем со реализацијата во нападот и Дракслер би можело да биде големо засилување. 
Тој во ПСЖ дојде од Волфсбург во летото 2017 година за 40 милиони евра, но покрај Нејмар и Ди Марија, тој почесто ја грееше клупата. За францускиот клуб, на 46 меча (само 19 пати беше стартер), даде осум гола. На првиот меч сезонава, против Генгамп, воопшто не беше во составот, па реално е да се очекува ПСЖ да се согласи на позајмица. 

 

Најнови вести