Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2017

Милер по победата: Ја исполнивме целта на тренерот

Томас Милер, фудбалерот на Баерн Минхен, изјави дека е задоволен од победата на неговата екипа против ПСЖ.

„Баварците“ ја искористија шансата да им се реваншираат на Парижаните за поразот во првиот дел славејќи на „Алијанц арената“ со 3-1 (2-0).
„Немавме што да изгубиме, но сакавме да победиме, тоа беше цел на нашиот тренер. ПСЖ имаше две до три шанси, но немавме чувство дека играме против некој подобар. Сепак, ние сме Баерн. Иако имав чувство како да играме во Париз според судискиот критериум“, изјави Милер.
Јуп Хејнкес го прероди шампионот на Германија откако ја презеде лентата од Карло Анчелоти.
„Клучот на успехот беше ставот на целата екипа. Игравме многу паметно, но ПСЖ постојано создаваше шанси. И оние играчи коишто досега играа малку беа многу добри“, изјави Хејнкес.
Блескаше двократниот стрелец Корентен Толисо, додека единствениот гол за гостите беше дело на Килијан Мбапе.
„Уште претходните седмици покажуваше дека е одличен играч. Сега само го потврди тоа со головите“, изјави тренерот на клубот од Минхен.
Фудбалерот на францускиот клуб изјави дека „баварците“ заслужено славеле.
„Баерн заслужено победи, се гледа дека и понатаму е една од најдобрите европски екипи“, изјави Јулијан Дракслер.

Најнови вести