Корисничко име Лозинка Пријави се
14.5.2018

Тијаго Мота се пензионира

Тијаго Мота, фудбалерот на ПСЖ, по натпреварот со Рен, ќе се пензионира од фудбалот.

Мота има 35 години, а досега, освен за ПСЖ, настапуваше и за фудбалските гиганти Барселона, Атлетико Мадрид и Интер.
Во Париз е од 2012 година, кога направи трансфер од Интер во ПСЖ за околу десет милиони евра, и на 164 натпревари постигна осум гола.
Италијанскиот играч за врска е роден во Бразил, но сепак одлучи да игра за „аѕурите“, за кои настапи 30 пати и постигна еден гол.
Мота изјави дека планира од следната сезона да ги води помладите категории на ПСЖ.

Најнови вести