Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
12.5.2018

Тренери на Арсенал суспендирани поради злоупотреба на играчите

Стив Гетинг и Карл Лараман, двајцата тренери на младиот тим на Арсенал, се суспендирани поради малтретирање на неколкумина играчи, објави Би-би-си.

Клубот реагираше по жалбите на членовите на младите селекции на Арсенал.
Гетинг е главниот тренер на генерациите до 23 години и некогаш играше за клубот, од 1977 до 1981 година во 76 натпревари. Лараман е негов асистент.
„Ги суспендиравме двајцата тренери и покренавме истрага врз основа на жалбата на неколкумина играчи. Ова се приватни работи, работи на клубот и нема да зборуваме за нив во детали“, изјавија од Арсенал.
Ниеден од двајцата тренери сè уште нема дадено официјална изјава по ова прашање, но ги немаше на натпреварот со Порто во вторникот вечерта, кога Арсенал изгуби со 1-0.
Овој проблем барем некое време ќе им го оттргне вниманието на „топчиите“ од збогувањето со Арсен Венгер, кој на крајот на оваа сезона по 22 години, ќе го напушти местото шеф на стручниот штаб на Арсенал.

Најнови вести