Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2017

Коларов: Не можам и не сакам да го избришам минатото

Александар Коларов, новиот фудбалер на Рома, изјави дека времето поминато во градскиот ривал Лацио му било убаво искуство, но дека сега на неговиот поранешен клуб гледа како на голем ривал.

Коларов три сезони играше за Лацио, пред да направи трансфер во Манчестер сити во 2010 година, а ова лето се врати во Рим и потпиша тригодишен договор со Рома.
„Не можам, ниту сакам да го избришам минатото. Сега сум во Рома и сакам да дадам максимум исто како што дадов додека играв за Лацио, дури и повеќе од тоа. Играњето за Лацио беше добро искуство, но сега сме ривали на теренот“, изјави Коларов за клупската телевизија.
Коларов, кој со Манчестер сити освои две шампионски титули на Англија, во Рома направи трансфер за пет милиони евра.
Со таквиот потег го подели Рим, што се покажа уште на пријателскиот натпревар, кога навивачите на Лацио против СПАЛ истакнаа навредлив транспарент„Коларов црв“.

 

Најнови вести