Корисничко име Лозинка Пријави се
26.11.2011

НБА сезоната сепак ќе почне!

Како што беше најавено минатата седмица, двете страни се договорија за новиот колективен договор по што заврши локаутот во НБА лигата долг 149 денови.

На последниот состанок во Њујорк кој траеше 15 часови, постигнат е договор за да се спаси сезоната. Ќе бидат одиграни 66 кола од лигашкиот дел, а шампионатот ќе почне на 25 декември, за време на божиќните празници. Тренинг камповите ќе се отворат на 9 декември.
Ова значи дека кошаркарите кои играат во Европа ќе мораат да се појават на отворањето на камповите на НБА клубовите, што за нив ќе значи и почеток на сезоната. Ќе бидат одиграни и неколку тренинг натпревари пред првенството, а преодниот рок ќе биде пократок од вообичаеното.
„НБА сезоната би можела да почне на 25 декември, доколку постигнатиот договор биде почитуван“, изјави комесарот на НБА лигата Дејвид Штерн.
Останува уште овој договор да го одобри мнозинството сопственици на клубовите и НБА играчите, за што треба просто мнозинство – 15 од вкупно 29 сопственици и повеќе од 430 кошаркари.

Најнови вести