Корисничко име Лозинка Пријави се
23.11.2011

НБА-лигата стартува на Божиќ

Според сигурни извори од американскиот континент, новата сезона на елитниот шампионат почнува околу Божиќ (24-ти или 25-ти декември).

Сензационалната вест одекна како бомба низ кошаркарските кулоари, но не е потврдена од официјалните лица на НБА бидејќи официјалните преговори за новиот колективен договор се прекинати.
Како што најавија добро упатените, по долгите и исцрпувачки разговори сè уште не е дојдено до некое решение, па, очевидно, на сила стапила тајната дипломатија – сè се одвива далеку од очите на јавноста.
Важните одлуки ќе бидат донесени во мал круг од најважните преговарачи, а сигурно дека во тоа учествуваа и комесарот Дејвид Штерн и Били Хантер, високиот претставник на Унијата.
Зошто е важно шампионатот да почне на Божиќ? Се наметнува логично објаснување - барем делумно да се намалат огромните загуби предизвикани со локаутот. Двете страни претрпеа огромни финансиски удари, тоа посебно се однесува на сопствениците на клубовите, па стартот на големиот празник барем би обезбедил огромен публицитет и би вратил дел од разочараните навивачи во салите ширум САД.
Од официјалните потврди до стартот на првенството потребни се неколку седмици, а договорот ќе биде помпезно најавен и покрај фактот дека ѕвездите на НБА се одлучија за судска постапка. Шоуто мора да продолжи иако е направена голема штета, а двете страни, очигледно, дошле до заеднички интерес далеку од фокусот на јавноста.

Најнови вести