Корисничко име Лозинка Пријави се
10.2.2017

Тошиќ казнет на четири натпревари поради судирот со Ван Перси

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција го казни Душко Тошиќ со суспензија на четири натпревари и 18.000 евра поради судирот со Робин ван Перси.

Српскиот репрезентативец од редовите на Бешикташ минатиот викенд се најде во центарот на вниманието бидејќи на истанбулското дерби се судри со холандскиот напаѓач на Фенербахче.
Ван Перси во текот на целиот натпревар го провоцираше противникот, се фаќаше меѓу препоните и се вртеше кон навивачите, но сепак мора да се истакне дека Тошиќ не требаше да дозволи ривалот да го испровоцира.
Поранешниот центарфор на Феенорд, на Арсенал и на Манчестер јунајтед дури успеа да ги измами и судиите бидејќи токму тој прв го удри Душко, а потоа и срамно симулираше дека Србинот го удрил со глава, иако не го ни допре.
Од друга страна, Ван Перси ќе паузира на три средби и ќе мора да плати казна од 5.000 евра, додека Шенол Гунеш, тренерот на Бешикташ, кој сакаше физички да се пресмета со дефанзивниот играч на гостинот Симон Кјер, на Фудбалскиот сојуз ќе му плати казна од 3.300 евра.

Најнови вести