Корисничко име Лозинка Пријави се
13.1.2017

Француската тројка останува во Арсенал, Жиру, Косељни и Кокелен „топчии“ до 2020

„Презадоволни сме што задржавме тројца многу важни играчи за во иднина“, изјави Арсен Венгер, менаџерот на „топчиите“.

Французинот им верува на Французите. Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека решил да ги задржи тројцата земјаци во редовите на лондонските „топчии“ до летото 2020 година.
Оливие Жиру, Лоран Косељни и Франсис Кокелен ставија потпис на нови тригодишни договори со Арсенал.
„Презадоволни сме што задржавме тројца многу важни играчи за во иднина. Косељни е клучен играч, еден од најдобрите стопери на светот. Кокелен многу напредуваше технички во последните години, додека Жиру има големо искуство и стана комплетен напаѓач“, изјави Венгер.
Арсенал моментно е петти во Премиер лигата со 41 бод, осум помалку од лидерот Челзи.

Најнови вести