Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2016

Торино го обезбеди Белоти

Андреа Белоти, напаѓачот на Торино, го продолжи договорот до 2021 година, со откупна клаузула од сто милиони евра.

Торино со овој потег на најдобар начин го избриша несреќниот пораз (2-0) од Сампдорија во Џенова и го најави големото градско дерби против Јувентус наредниот викенд.
Голгетерот кој наскоро ќе наполни 23 години, стрелец на 11 голови оваа сезона, во Торино направи трансфер од Палермо во 2015 година, а претходно играше за Албинолефе.
Белоти ги помина сите селекции на Италија, додека за тимот А одигра пет натпревари и постигна три гола.

Најнови вести