Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2011

Играчите го одбија Штерн, откажана сезоната во НБА-лигата?

Претставниците на кошаркарската НБА-лига ја одбија најновата понуда на сопствениците на клубовите поради што постои можност целата сезона да биде откажана, пренесуваат медиумите.

Били Хантер, извршниот директор на здружението на играчите, рече дека играчите не биле подготвени да го прифатат ултиматумот на Дејвид Штерн, комесарот на НБА-лигата, велејќи дека понудата е крајно неприфатлива.
Одлуката на здружението на играчите, веројатно, ќе доведе до тоа сезоната да биде целосно откажана.
„Сакам да укажам на фактот дека многу играчи имаат многу ризици. Тие сега сметаат дека е важно да не се обидуваме да направиме договор за денес, туку за следната деценија, па и понатаму“, рече претседателот на здружението на играчите Дерек Фишер.
Понудата на НБА-лигата што ја изнесе Дејвид Штерн подразбира поделба на профитот од 50 проценти за двете страни и почеток на сезоната од 72 натпревари во декември.
Претходниот колективен договор истече во јуни оваа година и оттогаш двете страни не успеаја да го усогласат финансискиот аспект на новиот.

Најнови вести