Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2011

Се гледа крај на НБА локаутот, старт на 15 декември?

По ултиматумот на комесарот на НБА следеше нов предлог: НБА лигата да почне на 15 декември, со 72 натпревари во лигашкиот дел ако се испеглаат разликите во преговорите неделава.

Тоа практично ќе значи дека ќе бидат загубени само девет натпревари, а плеј офот и финалето на НБА би доцнеле седум денови од претходно предвидените термини.
Дерек Фишер пред Унијата на играчите изјави дека се добиени 7-8 услови во последната рунда на преговори, но тоа нема да биде доволно за постигнување договор. Пред Унијата е напорен викенд затоа што нејзините членови, 450 луѓе, треба да гласаат дали новите предлози ќе бидат прифатени или не.
Доколку играчите не ја прифатат оваа понуда, следната ќе биде многу полоша за нив во финансиска смисла со пад на распределбата на парите (53-47%) во корист на сопствениците.
Предлогот на комесарот Дејвид Штерн гласи:
- Распределба 51-49% во корист на играчите
- Гарантираните договори остануваат
- Максималните договори имаат рок од пет години
- Ограничувањето на платите во тимовите нема да биде радикално сменетo.

Најнови вести