Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2016

Клозе блиску до Наполи

Не е Антонио ди Натале, ниту Дидие Дрогба, но на крајот би можело да биде Мирослав Клозе. Според пишувањата на италијанските медиуми, легендарниот германски репрезентативец се спрема да потпише договор со Наполи.

Клозе моментно тренира со екипата на Минхен 1860, бидејќи е без клуб откако летоска му истече договорот со Лацио.
На Наполи му е неопходна замена за полскиот напаѓач Аркадјуш Милик, кој поради тешката повреда ќе биде надвор од теренот најмалку уште три месеци.
Како што наведува „Ил Матино“, единствено прашање е дали Клозе ќе потпише договор само на три месеци или до крајот на сезоната. Триесет и осумгодишниот фудбалер и понатаму е најдобар стрелец во историјата на Светското првенство.

Најнови вести