Корисничко име Лозинка Пријави се
29.9.2016

Караско: Најважно е дека издржавме

Јаник Фереира Караско, фудбалерот на Атлетико Мадрид и творец на триумфот над Баерн Минхен во Лигата на шампионите, изјави дека неговиот тим имал среќа.

Атлетико и втора година по ред го совлада баварскиот тим на „Висенте Калдерон“, со идентичен резултат од 1-0, а по Саул Нигез, човекот кој ја одлучи средбата сега беше Караско во 35-тата минута.
„Имав среќа по мојот шут топката од стативата да се одбие во мрежата. Оваа сезона често погаѓавме околу голот, но против Баерн влезе. По водството, се браневме, но тоа е нормално кога против себе го имате Баерн. Најважно е дека издржавме“, изјави Караско по натпреварот, а пренесува „Марка“.
Одличното белгиско крило додаде дека очекува уште подобри резултати од „јорганџиите“ во продолжението на сезоната.
„Напорно работиме секој натпревар да го играме сè подобро, верувам дека тоа така ќе биде“, додаде Караско.
Атлетико по двете кола на групата Д во Лигата на шампионите се наоѓа на првото место со шест бодови, а во наредното гостува кај Ростов.

Најнови вести