Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2016

Лига на Европа: Сасуоло убедлив против Ѕвезда, одлични ПАОК, Фенербахче, Андерлехт...

Италијанскиот калчолигаш убедливо со 3-0 го совлада српскиот шампион Црвена ѕвезда на првиот дуел од плејофот.

Сасуоло важеше за фаворит пред средбата и лесно и убедливо стигна до победата со головите на Берарди, Политано и Дефрел. Шестопласираниот клуб од минатата сезона во Серија А можеше да стигне и до поубедлива победа, но на крајот српскиот шампион не дозволи поголем дебакл.
Фудбалерите на Астана од Казахстан на свој терен го победија БАТЕ Борисов со 2-0 во првиот натпревар од баражот за пласман во Лигата на Европа.
Гостите од Белорусија имаа 0-0 сè до 70-тата минута, кога од наизглед безопасна ситуација, Жуниор Кабананга ѝ донесе предност на Астана.
Само десет минути подоцна, Сергеј Верменко, голманот на БАТЕ истрча надвор од шеснаесетникот за да испрати една долга топка, но таа стигна само до Азат Нургалиев, кој од повеќе од 40-тина метри со силен удар ја смести топката во празната мрежа.
Блиску до следното коло се и екипите на: Краснодар, ПАОК, Андерлехт, Рапид, Панатинаикос...
Реванш-натпреварите се играат за седум дена.

Лига на Европа, плејоф, прв натпревар:
Бејтар Ерусалим – Сент Етјен 1-2
Астана – БАТЕ 2-0
Тбилиси – ПАОК 0-3
Сондерјиске – Спарта Прага 0-0
Краснодар – Партизан 4-0
Митјиланд – Османлиспор 0-1
АЕК Ларнака – Либерец 0-1
Австрија – Розенборг 2-1
Габала – Марибор 3-1
Гетеборг – Карабаг 1-0
Макаби – Хајдук 2-1
Славија – Андерлехт 0-3
Басакшехир – Шахтар 1-2
Фенербахче – Грасхоперс 3-0
Локомотива Загреб – Генк 2-2
Панатинаикос – Брондби 3-0
Војводина – Алкмар 0-3
Астра – Вест хем 1-1
Гент – Шкендија 2-1
Сасуоло – Црвена ѕвезда 3-0
Ароука – Олимпијакос 0-1
Тренчин – Рапид Виена 0-4

Најнови вести