Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2016

Мареј го одбрани олимпиското злато!

Енди Мареј стана прв тенисер во историјата кој го одбрани олимпиското злато во поединечна конкуренција.

Британскиот тенисер во финалето во Рио го победи Хуан Мартин дел Потро со 7:5, 4:6, 6:2, 7:5.
Мареј имаше значително полесна работа од својот ривал во финалето во текот на целиот турнир (само еден топ 10 ривал), а посебно во полуфиналето, па беше многу поодморен, што на крајот можеби беше и пресудно.
Дел Потро одигра херојски. По триумфот над Новак Ѓоковиќ, во саботата имаше и маратонски натпревар против Рафаел Надал, но сепак во финалето на публиката ѝ приреди одличен меч.
Успеа да го добие вториот сет и финалето да го направи драматично, не падна дури ниту откако го изгуби третиот сет, но не можеше повеќе од тоа. Во четвртиот сет сервираше за 2-2 при резултат 5:4, но Мареј во тие моменти покажа поради што е убедливо втор играч на светот оваа година.
Се избори со притисокот на улогата фаворит и со големиот притисок од навивачите на Дел Потро и успеа да го одбрани златото и да остане непоразен во поединечната конкуренција уште од финалето на Ролан Гарос (18-та последователна победа).
Дел Потро по бронзата од Лондон, го освои и вториот медал во кариерата, а бронзата во Рио му припадна на Кеј Нишикори, кој го победи Рафаел Надал со 2-1.

Најнови вести