Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2016

Мареј ја освои титулата на Вимбелдон

Енди Мареј во големото финале на Вимбелдон славеше против Милош Раониќ, Канаѓанецот, кој има потекло од Црна Гора, со 3:0, по сетовите 6:4, 7:6(3), 7:6(2).

Раониќ очигледно уморен од натпреварот во дуелот со Федерер во кој славеше по пет сетови, немаше доволно сила да се созема за дуелот со Мареј кој имаше огромна поддршка од навивачите и кој одигра речиси без грешка.
Мареј сега со многу оптимизам го очекуваат Олимписките игри во Бразил на кој ќе ја брани златната медала од пред четири години, кога ги освои најдобрите одликувања. Мареј неодамна во текот на припремите за Вимбелдон славеше токму против Раониќ. Милош по победата над Федерер се надева дека ќе може да го возврати ударот, но...
Кој знае каков би бил епилогот од турнирот доколку Ѓоковиќ не беше неочекувано поразен. Мареј со споменатата титула од Олимписките игри во Лондон, освои 37 титули. Има освоено три Гренд слем турнири, два пати беше најдобар на Вимбелдон и го освои УС Опен. Неодамна во финалето на Ролан Гарос беше поразен од Новак Ѓоковиќ.
Мареј и Ѓоковиќ се имињата за најголемите фаворити на претстојните Олимписки игри, но Федерер, Надал, Раониќ, Вавринка, Чилиќ... сигурно не доаѓаат со бели знаменца.

Најнови вести