Корисничко име Лозинка Пријави се
29.6.2016

Работнички ремизираше со Будуќност

Фудбалерите на Работнички на вчерашниот натпревар во Скопје во првото квалификациско коло во Лигата на Европа одиграа 1-1 против Будуќност, па на реванш натпреварот кој ќе се одигра во Подгорица ќе мора да постигнат барем еден гол за да одат понатаму.

Резултатот започна со водството на гостите во 36-тата минута преку голот на Јанкетиќ, во продолжението Работнички се закани преку Алтипармаковски кој ја погоди пречката на голот на Будуќност. По 15 минути игра во второто полувреме Мите Цикарски повторно се закани кон голот на гостите но ја погоди пречката од голот. 
Фудбалерите на Работнички со сите сили тргнаа кон противничкиот гол, па конечно во 81-та минута македонскиот тим израмни преку Елмас по асистенцијата на Херера. 
До крајот на натпреварот фудбалерите на Работнички имаа шанси да направат пресврт, постигнаа и гол но беше поништен поради офсајд.
Реванш натпреварот ќе се игра на 7-ми јули во Подгорица.

Најнови вести