Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

Бомбите на Барсегјан и на Попов му донесоа бод на Вардар во дербито со Шкендија

Со двата прекрасни голови од далечина на Тигран Барсегјан и на Горан Попов, Вардар успеа да освои еден бод со реми 2:2 на гостувањето кај шампионот Шкендија. Во вториот меч на премиерата од новото првенство имаше голеада, а Ренова со 4:3 го победи Работнички во Скопје

Во дерби со пресврти и многу нервоза Шкендија и  Вардар одиграа нерешено, 2:2. Гостите поведоа со проектилот на Тигран Барсегјан во петтата минута, а нешто подоцна Бесарт Ибраими промаши пенал. Сепак Шкендија успеа да направи пресврт и да поведе со 2:1 со головите на Ибраими и на Бојку, вториот во моменти кога домаќините имаа играч помалку. Исклучен беше Алими. Интересно е што Шкендија го заврши мечот со 8 жолти картони и црвен за Алими. Во финишот на дербито нова бомба кон голот на Захов упати Горан Попов и погоди за реми 2:2.
Во вториот меч Ренова го изненади Работнички и победи со 4:3. Сулејмани, Јусуфи и двапати Стојановски ја погодија мрежата на „романтичарите“, а Петковски, Стјепановиќ и Ристевски кој си постигна автогол беа стрелци за домашниот состав.

 

Најнови вести