Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2017

Лига на Европа: Пелистер го доби најтешкиот противник

Македонските претставници во квалификациите за Лигата на Европа ги добија противниците во првото коло.

Вицешампионот Шкендија ќе игра против молдавскиот тим Дачија. По минатогодишниот одличен настап, кога стигнаа до плејофот за пласман во групната фаза, Шкендија сега со Ќатип Османи на кормилото ќе се обиде повторно да стигне далеку.
Шкендија на првиот меч ќе игра на гости во Молдавија, а потоа ќе ја пречека Дачија. Доколку биде поуспешна во двобојот, во второто квалификациско коло ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу финскиот Хелсинки и Конас Квеј од Велс.
Освојувачот на Купот, Пелистер, го доби Лех Познањ, кој можеби е најтешкиот противник. Битолскиот тим првиот меч го игра на гости, а на реваншот ќе го игра пред својата публика. Победникот ќе игра против Хаугесунд од Норвешка или Колерен од Северна Ирска.
Работнички кој е единствен носител од македонските клубови доби релативно лесен противник во првото коло. „Романтичарите“ ќе играат со Тре Пене, клуб од Сан Марино. Работнички ќе биде домаќин на првиот меч на 29 јуни, а потоа ќе гостува во Сан Марино. Во второто коло клубот од Градски парк би можело да игра против белорускиот Динамо Минск и Рунавик од Фарски острови.

Најнови вести