Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Розенборг е во форма, Норвежаните како лидери доаѓаат на реванш во Скопје

Фудбалерите на Розенборг играат одлично во последно време, денеска беа екстра ефикасни и го победија Штромгодсет со 4:3, па по поразот на Бран се лидери во норвешкиот шампионат

Со покер голови и како лидер во норвешкото првенство, екипата на Розенборг ќе пристигне во Скопје на реванш-дуелот со Шкендија за пласман во Европа Лигата. Лордот Бентнер и соиграчите во последно време се супер ефикасни, постигнаа девет голови на последните три меча, што е вистинска закана за македонскиот првак. Денеска 25-кратниот норвешки првак го искористи и киксот на Бран, па сега го прескокна главниот ривал за титулата во домашното првенство и како првопласирана екипа ќе допатува во нашиот главен град.
Реваншот со Шкендија е на 30. август во Скопје, а првиот меч во Трондхајм го доби Розенборг со 3:1.

 

Најнови вести