Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Финален тест за Шкендија во Ѓорче Петров пред историскиот двомеч со Розенборг

Фудбалерите на Шкендија денеска од 17 часот во скопската населба Ѓорче Петров ќе го имаат последниот тест за формата, пред двомечот со Розенборг за пласман во Европа Лигата

Македонскиот шампион Шкендија мора да мисли и на домашното сцена каде ја брани двојната круна, а сепак во овој период мислите на тетовци се насочени кон двомечот со Розенборг, на последниот степеник пред пласман во Европа Лигата.
Пред патувањето за Трондхајм на првиот меч закажан за 23. август, играчите на Шкендија ќе го имаат последниот тест против домаќинот Македонија Ѓорче Петров. Новиот прволигаш несреќно загуби во првото коло во Струмица од Академија Пандев со гол од пенал во последните секунди, па ќе се обиде да го изненади шампионот, денеска од 17 часот. Ѓорчепетровци се надеваат дека Шкендија ќе се чува за дуелите со Розенборг и ќе се обидат да ја искористат ситуацијата. 
Второто дерби ќе се игра во Струмица меѓу локалните прволигаши Беласица и Академија Пандев. И, тоа е прво и историско струмичко дерби во македонската Прва Лига. 
Уште едно дерби ќе се игра во Тетово, меѓу поранешните шампиони Ренова и Вардар. Најтрофејниот наш клуб Вардар повторно гостува во Тетово, по ремито со Шкендија, 2.2 во првото коло. А, Ренова пак ќе игра против екипа од Скопје, откако на стартот го победи Работнички со 4:3.
Во 17 часот ќе се игра и дуелот меѓу Шкупи и Победа.

 

Најнови вести