Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Тимот што победува не се менува – Росе направи само една принудна измена кај Салцбург

Фудбалското правило дека тимот што победува не се менува, го примени и тренерот Марко Росе, пред реванш дуелот со Шкендија, а кај гостите има само една измена и тоа принудна од првиот меч

Марко Росе одлучи да не го менува победничкиот состав на Ред Бул Салцбург за вечерашниот реванш против Шкендија, а кај гостите има само една измена во однос на прбвиот меч, што Австријците го добија со 3:0. На местото на исклучениот Јунузовиќ се враќа Хајдара, играч кој немаше право на настап на првиот дуел. Тоа покажува дека австрискиот првак сериозно ја сфаќа работата, иако предноста од 3 гола е огромна. 
Кај Шкендија на евросцената ќе дебитира албанскиот репрезентативец Гледи Мици, а тетовци немаат што да загубат, па се очекува одличен реванш меч на националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Дуелот почнува во 20,15 часот.

 

Најнови вести