Корисничко име Лозинка Пријави се
06.7.2017

Работнички и Шкендија по потврда за второто коло, Пелистер за достојно простување

Трите претставници во квалификациите за Лигата на Европа, Работнички, Шкендија и Пелистер денеска ги играат реваншите во првото коло.

Шкендија на првиот натпревар во Струмица одигра одличен натпревар и со убедливи 3-0 отпатува на реваншот во Молдавија. Триумфот можеше да биде поубедлив бидејќи тетовци доминираа на теренот. По импресивната игра во Струмица, Шкендија и денес во Молдавија е благ фаворит за победа, а никој не ни размислува за можна елиминација.
Работнички зе намачи во Сан Марино и со гол во 90-тата минута го победи Тре Пене. „Романтичарите“ не би требало да имаат никакви проблеми денес во Скопје. Тимот од Сан Марино е голем аутсајдер иако покажа дека не е наивен противник. Избраниците на Виктор Треневски очекуваат победа, но овој пат поубедлива.
Пелистер со убедлив пораз се врати од Полска и само чудо може да ги остави Битолчани во квалификациите за Лига Европа. Лех Познањ е поквалитетен тим, но Пелистерци ќе сакаат достојно да се простат од Европа.

Квалификации за Лига Европа:

Дачија - Шкендија (0-3) 16:00 ч.
Пелистер - Лех (0-4) 17:00 ч.
Работнички - Тре Пене (1-0) 19:00 ч.

Најнови вести