Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2018

3-0 во финалето, 15-та титула за Работнички

По деветгодишна пауза Работнички е нов кошаркарски шампион на Македонија откако во финалето со 3-0 го порази вечниот ривал МЗТ Скопје.

Работнички со 3-0 го победи МЗТ Скопје во финалната серија и ја прекина доминацијата на клубот од Аеродром. 
„Штрковите“  и во третиот натпревар попуштија во финишот  по што Работнички славеше со 87-84 и ја освои 15-тата шампионска титула.
МЗТ одлично го почна натпреварот и имаше водство од 2-15 до половина на првата четвртина. Работнички потоа постигна 10 поени во серија и се врати во игра, но гостите одново се одлепија и првата четвртина ја решија во своја корист со 16-25. 
МЗТ Скопје во вториот период имаше и предност од 14 поени (24-38), а на полувремето замина со водство од 40-48.
Во третиот период МЗТ Скопје имаше голем пад во играта и постигна само четири поени за пет минути игра и му дозволи на Работнички да се приближи. 
Слично како и на претходните мечеви, МЗТ Скопје „падна“ во последната четвртина. 
Работнички на осум минути до крајот за прв пат поведе со 64-63 и потоа умешно ја чуваше предноста.
Натпреварот влезе во драматичен финиш, МЗТ Скопје се обиде со чести фаули да го сврти резултатот во своја корист, но домаќините не грешеа во изведувањето на слободните удари и на крајот стигнаа до победа од 87-84.
Костов со19 поени беше прв играч кај Работнички, Караџовски забележа 17, а двоцифрен учинок имаа Робинсон (13 поени), Гинјард (12 поени) и Чековски (11 поени).

Најнови вести