Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2017

Шкендија лесно со Дачија, Работнички минимално во Сан Марино, Пелистер тешко поразен

Шкендија на домашен терен славеше со 3-0 над Дачија, Работнички се намачи во натпреварот против Тре Пене и со голот на крајот на натпреварот славеше со 0-1, Пелистер беше поразен со 4-0 на гостувањето кај Лех Познањ.

Шкендија е на добар пат да се пласира во второто коло од квалификациите за Лигата на Европа. Тетовската екипа вчера попладнето на домашен терен славеше со 3-0 над Дачија од Молдавија.
Македонскиот вицешампион си обезбеди солидна предност пред реваншот во Молдавија. Избраниците на Османи одлично го почнаа натпреварот, Ибраими од пенал во седмата минута донесе предност од 1-0, а четири минути подоцна Радески погоди за 2-0. Потоа следуваше и третиот погодок, кој беше поништен, а конечниот резултат од 3-0 го постави Радески во 75-тата минута од средбата.
Работнички беше фаворит на натпреварот во Сан Марино, но сепак се намачи против Тре Пене. Домашната екипа даваше голем отпор и дури во 90-тата минута од средбата Митрев, по асистенцијата на Ерера, постигна гол за 0-1. 
Клубот од Дебар Маало ќе треба да го поправи впечатокот на домашен терен и со нова победа да го потврди учеството во второто коло од квалификациите за Лигата на Европа.
Пелистер по девет години, повторно игра во Лигата на Европа, но сега е пред елиминација откако на гости кај Лех Познањ беше убедливо совладан со 4-0.
Екипата од Битола капитулираше за десет минути. Нилсен во 28-мата минута го постигна првиот погодок за полскиот тим, а две минути подоцна Шитум погоди за 2-0. Мајевски во 38-мата минута веќе го најави тешкиот пораз за Пелистер, а Шитум со вториот гол во 57-мата минута го постави конечниот резултат 4-0.

Најнови вести