Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2016

Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос

Ѓоковиќ го освои 12-тиот Грен слем трофеј и ја комплетираше својата колекција.

Во финалето на Ролан Гарос најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го порази Енди Мареј со 3:6, 6:1, 6:2 и 6:4 и стигна до трофејот кој му недостасуваше да ги комплетира Грен слемовите.
Финалето на отвореното првенство во Франција не започна баш најдобро за Ѓоковиќ, Мареј играше одлично и беше сериозен противник, па успеа да го добие првиот сет со 6:3, но светскиот првак многу брзо влезе во форма и извојува победа во останатите три сета.
Со оваа победа тој стана осми играч на кој му успеало да ги освои сите Грен слем трофеи по Роџер Федерер, Рафаел Надал, Рој Емерсон, Род Лејвер, Фред Пери, Андре Агаси и Дон Баџ.

Најнови вести