Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
03.6.2016

Резервистите ги доведоа Вориорси во предност

Голден стејт вориорс го совлада Кливленд кавалирс со 104:89 и поведе во финалето од НБА лигата.

Иако потфрлија Стефен Кари и Клеј Томпсон со 20 поени комбинирано, Вориорс лесно дојде до победата благодарејќи на клупата.
Шон Ливингстон дофрли 20, Демонд Грин додаде 16 поени со 11 скокови и 7 асистенции, Харисон Барнс имаше 13, а Андре Игудала 12 поени со 7 скокови и 6 проигрувања.
Кари додаде 11, како и Леонардо Барбоса (5/5 од игра), Ендру Богут постигна 10, а Клеј Томпсон само 9 поени.
Од другата страна, Кајри Ирвинг запиша 26, Леброн Џејмс 24 поени со 12 скокови и 9 асистенции, Кевин Лав имаше 17 поени и 13 фатени топки.
„Кога нивната клупа ќе постигне 45, а твојата 10 поени, и ќе примиш 25 поени од 17 загубени топки, во таква ситуација е многу тешко да се победи, особено на гости, без оглед што некој ќе стори. Не е битно како ги чуваш Кари и Клеј, ниту пак Демонд“, изјави Леброн Џејмс.
Вториот натпревар ќе се одигра исто така во Оукленд вечерта меѓу недела и понеделник.

Најнови вести